Силекс се засили со младински репрезентативец на Македонија!

Силекс продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во летниот преоден рок, а најново име во редовите на кратовскиот прволигаш е младиот Никола Манојлов, кој пристигнува од Работнички.

Дваесетгодишниот офанзивен играч за врска важи за еден од перспективните македонски фудбалери и во моментов е член на репрезентацијата на Македонија до 21 година, за која досега има пет настапи.

Во изминатата сезона Манојлов беше стандарден во составот на Работнички, забележувајќи 24 настапи во Првата македонска фудбалска лига и уште три во Купот на Македонија. Притоа постигна четири голови и запиша четири асистенции, бројки кои беа доволна препорака Силекс да го ангажира како свое петто летно засилување.

Пред Манојлов, клубот од Кратово ги обезбеди потписите и на Нихад Шеро, Есмир Хасукиќ, Дарко Илиески и Никола Богдановски, со што јасно ги потврдува амбициите за новата сезона.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *