Брера Струмица избра нов тренер!

Брера Струмица го промовираше Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на стручниот штаб, доверувајќи му ја задачата да го предводи тимот во претстојната сезона.

Стојчев е добро познато име во клубот и зад себе има успешна сезона со младинската екипа, која под негово водство ја освои двојната круна, триумфирајќи и во шампионатот и во Купот на Македонија.

Ова нема да биде негово прво искуство на клупата на сениорскиот тим на Брера. Во 2022 година веќе го предводеше струмичкиот состав, кој тогаш ја заврши сезоната на второто место на табелата. Покрај клупските обврски, Стојчев од почетокот на годинава ја извршува и функцијата помошник-селектор на македонската репрезентација до 19 години.

Подготовките за новата сезона Брера ќе ги стартува на 13 јули, а во рамки на подготовителниот период е предвидено тимот да одигра пет контролни натпревари.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *