Јакимовски има нов клуб: Го напушти Тренто, но ќе остане во Италија

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ќе ја продолжи кариерата во редовите на Наполи, откако официјално стави потпис на двегодишен договор со италијанскиот клуб.

По успешната сезона во дресот на Тренто, Јакимовски реши да направи нов чекор во кариерата и да прифати нов предизвик во италијанската кошарка. Во домашното првенство минатата сезона бележеше просек од 9,3 поени и 4,6 скокови по натпревар.

Одлични партии прикажуваше и во Еврокупот, каде што во просек остваруваше 10,8 поени и 6,1 скокови, потврдувајќи дека е еден од најквалитетните македонски кошаркари на меѓународната сцена.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *