Сите ќе навиваме: Лина Ѓорческа денеска игра за историски пласман на Вимблдон!

by

in

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска е на чекор до историски успех, откако ќе го одигра решавачкиот меч од квалификациите за пласман на главниот турнир на Вимблдон.

По двете остварени победи во квалификациската фаза, пред најдобрата македонска тенисерка останува уште една пречка до исполнување на големиот сон настап на најпрестижниот тениски турнир во светот.

Иако во повеќе наврати беше дел од квалификациите на грен слем турнирите, Ѓорческа досега не успеала да обезбеди место во главната ждрепка. Токму затоа денешниот дуел носи посебна тежина, бидејќи евентуален триумф би значел историски момент за македонскиот тенис.

Ниту еден македонски тенисер досега не настапил во сингл конкуренција на грен слем турнир, а Лина има можност да стане првата што ќе го стори тоа.

На спротивната страна од мрежата ќе биде Италијанката Лучија Бронзети, која на ВТА листата се наоѓа значително повисоко од македонската тенисерка и важи за фаворит во пресрет на натпреварот.

Сепак, Ѓорческа покажа одлична форма во квалификациите и сигурно ќе се обиде да приреди изненадување на тревните терени во Лондон.

Почетокот на мечот е закажан за 14:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *