Трагикомична ситуација во кочанското село Уларци: новоформираниот фудбалски клуб остана без терен пред стартот на сезоната, откако единственото игралиште во селото било изорано и претворено во нива со жито.
Според жителите, фудбалскиот терен постоел повеќе од осум децении и претставувал место каде генерации млади спортувале и ги играле своите натпревари. Но денес, на неговото место има земјоделска површина, што го доведува клубот во сериозен проблем бидејќи нема услови да биде домаќин на своите натпревари.
Клубот, кој треба да се натпреварува од оваа сезона, сега е принуден да бара алтернативно решение за одигрување на натпреварите. За необичната и, според многумина, апсурдна ситуација, прилог подготви телевизијата „М-Нет“.

Leave a Reply