Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажирајќи го младинскиот репрезентативец Теодор Николовски.

20-годишниот фудбалер во Кавадарци пристигнува од Работнички, кој минатата сезона испадна во Втората лига.

За Николовски, Тиквеш ќе биде трет клуб во домашниот фудбал, откако претходно настапуваше и за Осогово како позајмен играч.

Во изминатата сезона тој забележа 26 настапи во Првата лига во дресот на Работнички, при што имаше три асистенции, а во Купот на Македонија двапати се запиша и во листата на стрелци. За репрезентацијата до 21 година досега има девет настапи.

Покрај Николовски, Тиквеш претходно го доведе и голманот Марко Алчевски.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *