Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона, ангажирајќи го голманот Марко Анчевески.
Дваесет и четиригодишниот чувар на мрежата се враќа на македонската фудбалска сцена по интернационалното искуство стекнато во српски ОФК Белград и во израелски Ерусалим, каде што настапуваше во изминатата сезона.
Анчевески своите први фудбалски чекори ги направи во Брера, а во домашното првенство го носеше и дресот на Борец од Велес.
Во својата кариера беше дел и од младинските селекции на Македонија, а за репрезентацијата до 21 година забележа вкупно 17 настапи.

Leave a Reply