Горазд Михаилов доби трет ангажман сезонава во Првата лига

by

in

Горазд Михаилов е назначен за нов главен тренер на фудбалскиот клуб Беса, кој настапува во македонската Прва лига.

Ова е трет ангажман за Михаилов во македонската Прва лига за тековната сезона. Претходно, тој ја водеше екипата на Вардар, а имаше и улога на тренер во Брера Струмица.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека постигнавме договор со Горазд Михаилов, кој ќе го предводи нашиот стручен штаб. Дел од тимот ќе бидат и Златко Ристов, кој ќе ја извршува улогата на асистент тренер, како и Иван Тиосављевиќ, кој ќе биде задолжен за кондициската подготовка на играчите“, соопштија од управата на клубот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *