Вардар ги дозна можните противници на патот кон следната фаза од европските квалификации, откако по вчерашната ждрепка за првото коло денеска беше одреден и потенцијалниот ривал во втората рунда.
Доколку „црвено-црните“ го елиминираат фински Купс, во второто квалификациско коло ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу азербејџанскиот Сабах и велшкиот ТНС.
Според распоредот, евентуалниот прв натпревар од второто коло Вардар би го играл на гостински терен на 21 или 22 јули, додека реваншот е закажан за 28 или 29 јули.
Пред тоа, македонскиот претставник го очекува двомечот со Купс. Првата пресметка ќе се одигра во Скопје на 7 или 8 јули, а реваншот во Финска е предвиден за 14 или 15 јули.

Leave a Reply