Џеко на Мундијалот ќе ја води Босна со копачки изработени од Македонец! (Фото)

Македонската креативност ќе биде дел од претстојното Светско првенство, откако босанската фудбалска легенда Един Џеко ќе настапува во специјално дизајнирани копачки изработени од македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговото студио Swithadot Studios.

Уникатниот дизајн е инспириран од прекарот на Џеко – „Босанскиот змеј“, а копачките содржат рачно изработени детали во сина боја, мотиви од знамето на Босна и Херцеговина, како и елементи изработени со 18-каратно течно злато, кои симболизираат лидерство, успех и трајното наследство на прославениот напаѓач.

„Един е еден од најголемите спортисти што ги дал Балканот. Капитен, лидер и човек кој остави огромен белег во светскиот фудбал. Горди сме што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој долго време беше меѓу нашите најпосакувани соработници“, изјави Грабулоски.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *