Изборната трка се вжештува: Рикелме објави нова „бомба“ и жестоко го нападна Перез

by

in

Претседателската трка во Реал Мадрид станува сè пожестока, откако кандидатот Енрике Рикелме упати сериозни обвинувања кон актуелниот претседател Флорентино Перез и неговото раководење со клубот.

Рикелме во своето обраќање истакна дека самото одржување на изборите веќе донело позитивен ефект, бидејќи според него во јавноста почнале да излегуваат информации за состојбата во клубот.

„Овие избори веќе вредеа. Реал Мадрид се наоѓа во многу сериозна финансиска криза“, изјави Рикелме, додавајќи дека токму преку медиумите јавноста дознала за наводните намери на Перез да размислува за продажба на клубот.

„Благодарение на медиумите, знаеме дека Флорентино Перез сака да го продаде Реал Мадрид“, порача претседателскиот кандидат.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *