официјално стана дел од најтрофејниот фудбалски клуб во земјата – Вардар. Денеска беше потпишан договорот, кој го потврдува неговиот трансфер како значително засилување за „црвено-црните“ во остатокот од сезоната.
Талески е еден од најискусните голмани во македонскиот фудбал, со досегашни 165 настапи во Првата лига, од кои на 57 натпревари успеал да ја зачува својата мрежа недопрена.
Во текот на својата богата кариера, Талески ги бранеше боите на неколку домашни и меѓународни клубови, меѓу кои се Победа, Струга, Пелистер, Металург и 11 Октомври. Неговиот талент и професионализам го одведоа и надвор од границите на Македонија, каде настапуваше за финскиот клуб Хонка и за грчкиот тим Лариса.
Leave a Reply