Македонската голманка го комплетираше трансферот во Звезда! (Фото)

by

in

Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска и официјално е ново засилување на Црвена Звезда, откако белградскиот клуб денеска го потврди нејзиниот ангажман.

Српскиот гигант покрај Мицевска претстави уште неколку нови имиња, со што јасно ги покажа амбициите за наредната сезона и желбата за што подобар настап и на европската сцена.

За Мицевска ова ќе биде нов предизвик по настапите за романската Слатина. Македонската голманка во изминатиот период беше надвор од терените поради мајчинството, а сега е подготвена за враќање во натпреварувачки ритам. Во својата кариера ги бранеше боите и на Вардар и француска Ница.

Таа долги години е еден од најважните членови на македонската репрезентација, а беше дел и од настапите на Европските првенства во 2022 и 2024 година.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *