Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски официјално ја продолжи соработката со Валенсија, со што ќе остане дел од шпанскиот клуб до 2028 година.
Со новиот договор, се очекува Димитриевски во иднина да има уште позначајна улога и да биде меѓу главните опции за стартната постава на „лилјаците“.
По потпишувањето, македонскиот чувар на мрежата не ја криеше својата задоволност и истакна дека одлуката да ја продолжи кариерата во Валенсија била лесна и природна.
„Среќен сум што го продолжив договорот со Валенсија. Немав никакви дилеми околу новата соработка, секогаш бев целосно фокусиран на мојата работа и ми е драго што останувам тука. Секогаш се трудам да се прикажам во најдобро светло. Уште од моето доаѓање во Шпанија зборував дека сакам да играм за голем клуб, а Валенсија е токму таков. Навистина сум среќен што продолжувам на ова место“, изјави Димитриевски.

Leave a Reply