Македонија ремизираше со БиХ во Сараево

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 0-0 вечерва на гостувањето во Сараево против Босна и Херцеговина во првиот од двата контролни натпревари пред стартот на септемврискиот циклус во Лигата на нации.

Првата посериозна шанси, ја имаа домаќините преку Бајрактаревиќ чиј удар заврши во гредата од голот на Столе Димитриевски. Во 31.минута, Македонија прв пат се закани преку Миовски.

Второто полувреме почна со комплетно нова постава на теренот на БиХ, а од своја страна и Седлоски изврши бројни измени, давајќи им шанса на дебитантите Аломеровиќ, Омерагиќ и Анѓелески, откако во стартниот состав претходно дебитираше и Јанкулов.

Обидот на Мемиќ во 51. минута заврши крај голот на Димитриевски, а непрецизен во 69. минута беше и Демировиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *