Теренот изгледа перфектно: Еве каде ќе игра вечерва Македонија!

Стадионот „Кошево“ во Сараево вечерва од 20:30 часот ќе биде домаќин на пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Македонија.

Во пресрет на дуелот, од Јавната установа Центар за спорт и рекреација, која управува со стадионот, информираа дека во изминатиот период биле преземени дополнителни активности за исполнување на сите стандарди и препораки на УЕФА за организација на меѓународен натпревар.

Натпреварот има посебно значење за домашната селекција, која се подготвува за претстојното Светско првенство, додека Македонија ќе го одигра третиот натпревар под водство на селекторот Гоце Седлоски и тој е можност за воигрување на одредени комбинации пред новите предизвици.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *