Еве каде може да го гледате натпреварот на БиХ и Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација претстојните два пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција ќе ги одигра со директен телевизиски пренос на МРТВ.

Јавниот национален сервис ќе ги емитува двете средби во живо, согласно договорот кој ги опфаќа и подготвителните натпревари во рамки на циклусот за квалификациите за Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот најпрво ќе гостуваат во Сараево, каде на 29 мај од 20:30 часот ќе се соочат со Босна и Херцеговина на стадионот „Кошево“.

Вториот контролен натпревар Македонија ќе го одигра на 1 јуни во Истанбул, против селекцијата на Турција, на стадионот „Шукру Сарачоглу“, со почеток во 18:30 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *