Македонија остана без Барди за натпреварите со БиХ и Турција!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди нема да настапи на претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција поради повреда.

Македонија в петок ќе гостува на стадионот Кошево во Сараево против БиХ, а на 1 јуни во Истанбул ќе одигра контролен меч со Турција. Иако Барди се приклучи на репрезентативниот собир, по направените медицински прегледи било утврдено дека не е подготвен за настап.

Од Фудбалската федерација на Македонија соопштија дека капитенот нема да му биде на располагање на селекторот за двата натпревари, додека засега останува неизвесно дали дополнително ќе биде повикан нов фудбалер на негово место.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *