Барселона е наоѓа пред сериозен чекор во обидот да доведе ново големо засилување за наредната сезона, откако, според информации од Англија, е постигнат начелен договор со Ентони Гордон околу неговите лични услови.
Англискиот офанзивец од Њукасл наводно дал зелено светло за преселба во Каталонија, додека двата клуба во моментов водат директни преговори за конечна реализација на трансферот.
Медиумите од Островот пренесуваат дека Њукасл за својот фудбалер бара околу 80 милиони евра, сума која ќе биде клучна во натамошните разговори меѓу клубовите.

Leave a Reply