Вардар денеска официјално го претстави новиот тренер, аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани, кој пристигнува во Скопје со богато играчко и тренерско искуство и јасна визија за иднината на клубот.
Од таборот на „црвено-црните“ порачуваат дека станува збор за стручен кадар кој го негува модерниот, офанзивен и дисциплиниран стил на игра, со цел да се подигне нивото на тимот во претстојниот период.
Фабијани, како што стои во претставувањето, е познат по својата силна тактичка посветеност и енергија.
Со неговото доаѓање, во Вардар започнува нова ера и нов предизвик, со амбиција клубот повторно да се врати на високо ниво.
Аргентинецот во клубот доаѓа на местото на Гоце Седлоски кој во иднина ќе продолжи да ја извршува само селекторската функција.

Leave a Reply