Вардарецот Хориха ќе игра во Саудиска Арабија!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, кој веќе е познат како идно засилување на ПИК Сегед од следната сезона, пред преселбата во Унгарија ќе има краток ангажман во Саудиска Арабија.

Клубот Ал Калеј официјално го потврди трансферот на Украинецот, кој ќе настапува за тимот на претстојната азиска Лига на шампиони.

Натпреварувањето ќе се игра во Кувајт во периодот од 6 до 16 јуни, а освојувачот на титулата ќе обезбеди пласман на Светското клупско првенство.

Хориха веќе има потпишано договор со ПИК Сегед до 2028 година, кој ќе стапи на сила со почетокот на новата сезона. Во текот на кариерата настапуваше за Мотор Политехника, Мотор Запорожје, Погон, Нава, Пајс Д’Аикс и Араби.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *