Вардар е нов шампион на Македонија!

Вардар повторно се искачи на врвот на македонскиот фудбал, откако со минимална победа од 1-0 на гостувањето кај ФК Струга ја обезбеди шампионската титула во Првата лига.

Вардарци одлично го отворија натпреварот и уште во петтата минута стигнаа до водство преку Цветковиќ. Гостите продолжија офанзивно и до крајот на првото полувреме создадоа уште неколку добри можности, но не успеаја дополнително да ја зголемат предноста.

Домашниот тим заигра многу поагресивно во второто полувреме и се обиде да стигне до израмнување. Најопасен во нападот на Струга беше Малески.

По 32 одиграни кола, Вардар има 80 бодови, шест повеќе од Шкендија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *