Засилување во Битола: Пелистер потпиша со Босанец!

Пелистер денеска го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, 23-годишниот босански ракометар Едвин Џелиловиќ.

Младиот интернационалец во Битола пристигнува од екипата на Тузла, а со македонскиот клуб потпиша тригодишен договор. Од таборот на Пелистер најавуваат дека очекувањата од Џелиловиќ се високи, со оглед на неговото досегашно искуство и настапи.

Пред ангажманот во Тузла, Џелиловиќ настапуваше за Извиѓач, клуб со кој освои неколку трофеи, а во кариерата го носеше и дресот на Грачаница.

Босанецот зад себе има и солидно европско искуство, со настапи во Европскиот куп и Европската лига во изминатите три сезони. Подготовките со Пелистер за новата натпреварувачка сезона ќе ги стартува на почетокот на јули.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *