Димитријевиќ избран за МВП во Суперкупот на Италија

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ има одличен почеток на кариерата во Олимпија Милано бидејќи освои пехар во Суперкупот на Италија.

Милано славеше против Венеција и Виртус Болоња за титулата во натпреварувањето, а Македонецот во просек имаше по 15 поени, 3,5 асистенции и три скокови.

Димитријевиќ на крајот на турнирот беше избран и за МВП, односно најкорисен играч на натпреварувањето.