Големо засилување за Охрид, потпиша со капитенот на Партизан!

Никола Зечевиќ и официјално ќе го засили составот на ГРК Охрид, откако потпиша договор со охридскиот клуб со важност до 2028 година.

Српскиот интернационалец игра на позицијата лев бек, висок е 200 сантиметри и има 24 години, а од следната сезона ќе го носи дресот со број 31. Во Охрид пристигнува од Партизан, каде беше еден од поважните играчи во тимот и ја извршуваше капитенската функција.

Добрите настапи во клупската кариера му донесоа и место во репрезентацијата на Србија, за која веќе има забележано неколку настапи.

„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели.“ – изјави Никола Зечевиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *