Димитриевски херој – со фантастични одбрани ја спаси победата на Валенсија! (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски блесна со нова одлична партија во дресот на Валенсија, која славеше минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао во рамките од Ла Лига.

Димитриевски беше еден од најзаслужните за триумфот на својот тим и со неколку фантастични интервенции во второто полувреме практично ја сочува победата на Валенсија. Македонскиот чувар на мрежата имаше најмалку четири одлични одбрани и сосема заслужено го понесе епитетот играч на натпреварот.

Во првиот дел гостите имаа можност и порано да дојдат до водство, но Дуро не реализираше пенал, погодувајќи ја само гредата. Сепак, во продолжението Садик успеа да ја затресе мрежата и да донесе важни три бода за Валенсија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *