Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека Дисциплинската комисија на последната седница донела одлука за санкционирање на екипата на Тиквеш поради неправилности на натпревар од Младинската Супер лига.
Станува збор за дуелот од 23. коло против Скопје, на кој кавадаречкиот тим настапил со повеќе играчи што користеле неточни лични податоци и фалсификувани легитимации.
Поради прекршокот, Тиквеш е казнет со парична глоба од 1.000 евра, а на младинскиот состав му се одземени и три бода.
Дополнително, санкции доби и службеното лице на клубот на тој натпревар, Трајче Димитриев, кој ќе биде суспендиран од извршување на функцијата во период од 18 месеци.

Leave a Reply