Охрид за само пет дена ќе игра пред преполна сала против Целје во реванш дуелот од битката за пласман во историско прво европско финале во рамки на ЕХФ Купот.
Македонскиот суперлигаш информира дека сите билети за натпреварот се распродадени, па „Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последното место.
Ова значи дека тимот на Борис Ројевиќ ќе има силна поддршка од трибините во обид да ја анулира минималната негатива од првиот меч, кој заврши со победа на Целје од 27-26.
Реваншот меѓу Охрид и Целје е закажан за сабота во 19:00 часот.

Leave a Reply