Македонските кадетки ќе се борат за злато на СП во училишен ракомет

Македонската женска кадетска репрезентација се избори за финале на Светското првенство (СП) во училишен ракомет со победата над Турција од 30-22.

Првото полувреме меѓу двете репрезентации беше израмнето (12-12), по што македонските ракометарки ја преземаа контролата во вториот дел и запишаа победа во салата „Македонско сонце“.

Македонија во финалето на турнирот ќе се бори против Хрватска.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *