Аморим го посрамоти Зиркзе за сите пари (Видео)

Манчестер Јунајтед доживеа разочарувачки почеток на натпреварот против Њукасл, што го натера тренерот Рубен Аморим да направи радикален потег и да го замени напаѓачот Џошуа Зиркзе.

Зиркзе го напушти теренот во 33. минута, очигледно незадоволен од одлуката. Видно фрустриран, тој веднаш ја облече јакната и замина директно кон соблекувалната, избегнувајќи дополнителна интеракција со соиграчите и стручниот штаб.