Eкипата на Охрид потврди големо засилување во своите редови, потпиша со Јапонецот Коуске Јасихура кој пристигнува од Бурган од Кувајт.
Пред две сезони, Јасихура имаше одлични настапи во дресот на Вардар, го познава македонскиот ракомет и се очекува да биде големо засилување за Охрид на позицијата среден бек.
“Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација.” – изјави Косуке.

Leave a Reply