Вардар во четвртфиналето од Европската лига ќе се соочат со Монпелје, тим кој до оваа фаза стигна откако го елиминираше Елверум.
Овој дуел ќе има и дополнителна тежина за „црвено-црните“, бидејќи носи можност за реванш за поразот во полуфиналето на Ф4 турнирот во 2018 година. Тогаш, во Келн, францускиот состав беше подобар и на пауза замина со предност од 14-11. Иако Вардар одигра подобро во второто полувреме, тоа не беше доволно за пресврт, па Монпелје славеше со 28-27.
Сега, вардарци ќе имаат нова шанса да ја исправат таа страница и да се пласираат во завршницата на натпреварувањето.

Leave a Reply