Омерагиќ: Вредноста на репрезентацијата не зависи од еден резултат

by

in

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, преку социјалните мрежи се обрати по настапите на националниот тим против Данска и Ирска.

Македонија најпрво претрпе убедлив пораз од Данска со 4-0 во полуфиналниот бараж, додека на гостувањето во Даблин одигра реми без голови (0-0) против Ирска, во натпревар без резултатско значење.

Во своето обраќање, Омерагиќ потенцира дека репрезентацијата не треба да се гледа исклучиво низ призма на резултатите, туку како симбол на заедништво и национална гордост.

„Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни. Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И кога победуваме и кога губиме.Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз. Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив. Останува најважното, да бидеме заедно. Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние“, порача Омерагиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *