Tрагедија: Почина поранешен спортски директор и тренер на Вардар!

Руската спортска јавност е во шок по трагичната вест за смртта на легендарниот ракометар и тренер Едуард Кокшаров, кој почина на само 51-годишна возраст.

Кокшаров починал во Брест, каде што во последниот период ја извршуваше тренерската функција во Мешков Брест.

За македонската спортска сцена, неговото име е тесно поврзано со Вардар. Во ерата кога клубот беше предводен од Сергеј Самсоненко, Кокшаров имаше значајна улога како спортски директор, а во неколку наврати застануваше и на клупата како привремено решение – и кај машкиот и кај женскиот тим.

Тој беше дел од „златниот период“ на Вардар, кога скопскиот гигант ги освои европските титули во 2017 и 2019 година, достигнувања кои засекогаш ќе останат запишани во историјата на клубот.

Во својата кариера, Кокшаров остави белег и на репрезентативно ниво како селектор на Русија, а работеше и во клупскиот ракомет како тренер на Ростов Дон.

Како играч, зад себе имаше импресивна кариера – освои бројни медали со руската репрезентација и постигна повеќе од 1.000 голови, со што се вбројува меѓу најголемите имиња во историјата на рускиот ракомет.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *