Седлоски: Мора да покажеме карактер и да изгинеме на терен против Ирска

Македонскиот селектор Гоце Седлоски кажа дека очекува максимална посветеност од неговите фудбалери на дуелот против Ирска во Даблин.

„Болен беше поразот од Данска, но момците се подготвени, тренираат и треба да го дадат максимумот против Ирска. Ги анализиравме нашите грешки, Данска е минато, треба да изгинеме на терен против Ирска“, кажа Седлоски.

Дуелот меѓу Данска и Македонија се игра од 20.45 часот.