Коментатор го пренесуваше дебаклот на Македонија, а скокаше од радост за Косово! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Косово вчера го забележа еден од најголемите успеси во последниот период, победувајќи ја Словачка со 4-3 и обезбедувајќи место во финалето на баражот, каде што ќе го пречека тимот на Турција во Приштина.

На социјалните мрежи се прошири вирална реакција на коментарот на Енгел Бербатовчи, кој вчера ја пренесуваше средбата на нашата репрезентација против Данска во Копенхаген, натпревар кој заврши со убедлив пораз од 4-0.

Сепак, за Бербатовчи многу поважно беше што се случуваше во Братислава, па активно го следеше дуелот и не ја криеше радоста од успехот на Косово.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *