Лаутаро го прекина голгетерскиот пост, Интер сигурен против Каљари (Видео)

Екипата на Интер денеска во рамките од 17. коло во Серија А славеа победа над Каљари со 0:3

Натпреварот беше решен во второто полувреме кога избраниците на Симоне Инзаги ги постигнаа сите три погодоци.

Отпорот на Каљари го скрши Алесандро Бастони кој одлично се снајде и погоди со глава по нафрлувањето на Николо Барел. Се играше 71. минута кога Лаутаро го постигна својот прв гол по 3 ноември и така стави крај на голгетерскиот пост.

За 0:3 се погрижи Чалханоглу кој во 78. минута сигурно реализираше најстрога казна.

Интер со победата се израмни со Аталанта на врвот со по 40, но екипата на Гасперини вечерва игра против Лацио кој исто така е одличен и на третото место има 38 бода.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *