Хојлунд: Имам почит за ривалот, но Македонија не е Франција или Германија!

Данскиот напаѓач Расмус Хојлунд во интервју за телевизијата „ТВ2“ кажа дека имаат златна шанса за пласман на Светското првенство (СП) кое се игра оваа година.

Данска в четврток ќе ја пречека Македонија, а Хојлунд посочи дека има почит за ривалот, но и дека не играат со селекции како Франција и Германија.

„Имаме златна шанса за пласман на Мундијалот. Не играме против Франција или Германија… Ова го кажувам со почит кон Македонија“, кажа Хојлунд.