Во Данска ќе има натпревар и на „Фалангата“ – ќе се игра пред спектаклот на „Паркен“!

Македонската репрезентација во четврток ја очекува клучниот бараж натпревар против Данска во Копенхаген, но покрај возбудувањата на теренот, ќе има акција и меѓу навивачите.

Имено, во пресрет на официјалниот дуел, ќе се одигра и пријателски натпревар помеѓу фановите на двете селекции – Македонија и Данска. Овој настан е закажан за 13:30 часот и ќе се одржи на  Спортскиот комплекс Кловермаркен – Локација ТУКА.

Подоцна вниманието ќе се префрли на главниот спектакл на „Паркен“ стадионот, каде што трибините веќе се целосно распродадени. Стадионот со капацитет од околу 38.000 гледачи ќе биде исполнет до последно место, а за македонските навивачи беа обезбедени околу 1.000 билети.