Македонија со нов дрес ќе игра против Данска! (Фото)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, по истекот на договорот со досегашниот снабдувач ЈАКО, на крајот на 2025 година, македонската репрезентација ќе настапува со АДИДАС опрема на претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство 2026.

Станува збор за опрема која е наменета исклучиво за користење на овие натпревари. Во следниот период официјално ќе бидат промовирани новите дресови на македонската репрезентација и во другите две бои.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *