Роналдињо: Дури и да игра само на една нога, Нејмар е подобар од повеќето бразилски фудбалери

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно го привлече вниманието со своите изјави за актуелната состојба во бразилската репрезентација, давајќи силна поддршка за Нејмар.

„Дури и да игра само на една нога, Нејмар е подобар од повеќето бразилски фудбалери денес“, изјави Роналдињо, потенцирајќи ја класата и влијанието на ѕвездата на националниот тим.

Тој не го криеше ни разочарувањето од сегашните настапи на репрезентацијата на Бразил, нагласувајќи дека повеќе не ужива да ги гледа натпреварите како порано.

„Повеќе не уживам да ја гледам бразилската репрезентација како што уживав некогаш“, додаде тој


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *