Мусовски е во одлична форма пред дебито за Македонија – погоди за Сиетл! (Видео)

Новото име во македонската фудбалска репрезентација, Дени Мусовски, испраќа силна порака дека е подготвен за предизвиците што следуваат, откако се запиша во листата на стрелци за својот клуб Сиетл во рамки на шампионскиот куп на КОНКАКАФ.

Напаѓачот, кој неодамна доби повик за настап во А-селекцијата, веднаш возврати со одлична партија на клупско ниво. Во дуелот против Ванкувер, неговиот тим се соочи со негатива по првиот дел, но Мусовски во 78. минута се најде на вистинското место и со прецизен удар со глава донесе израмнување.

Сиетл до крајот успеа да направи комплетен пресврт, постигнувајќи уште еден погодок за победа и обезбедување место во четвртфиналето.

Формата на Мусовски доаѓа во идеален момент за македонската репрезентација, која на 26 март ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2026, со надеж дека напаѓачот ќе го пренесе голгетерскиот ритам и во националниот дрес.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *