Лудиот цепелин на Манасков и Митревски најдобар гол во групната фаза од ЛШ! (Видео)

Македонскиот шампион Пелистер го заврши својот настап во ЕХФ Лига на шампиони со пораз на гостувањето кај Барселона, не успевајќи да избори пласман во нокаут-фазата.

Битолчани групната фаза ја комплетираа со шест освоени бодови и седмото место на табелата, но сепак добија мала сатисфакција преку индивидуален момент кој привлече внимание на европската сцена.

Имено, Дејан Манасков се најде на врвот во изборот за најубав гол во групната фаза, благодарение на атрактивниот „цепелин“ по асистенција од голманот Никола Митревски, постигнат на првиот дуел против Барселона во Битола.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *