ФФМ го отпушти Канатларовски!

Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година. Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички – делба на првото место по првиот дел од тековната сезона во МФЛ и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години – пласман во Елитна фаза квалификации 2017 (МКД до 17)  и 2019 година (МКД до 19).

На Европското првенство – ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.

Од позицијата селектор во македонската репрезентација до 21 година, Управниот одбор на ФФМ го разреши Драги Канатларовски кој од 2021 година беше предводник на Македонија до 21 година. Низата лоши резултати на младинската селекција се главната причина за разрешувањето на Канатларовски.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *