Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во последно време има се поважна улога во составот на Наполи. Играчот од средниот ред редовно добива шанса и со своите настапи се наметнува како значаен дел од тимот кој го предводи тренерот Антонио Конте.
Одличната форма на Елмас, кој може да одговори на повеќе позиции на теренот, не останала незабележана ниту надвор од Италија. Според информациите од странските медиуми, интерес за македонскиот репрезентативец покажал и англискиот гигант Манчестер јунајтед.
Наводно, луѓето во клубот од Манчестер внимателно ја следат ситуацијата со Елмас и можно е да испратат понуда во текот на летниот преоден рок.
Сепак, во Неапол не размислуваат лесно да се разделат со македонскиот „дијамант“. Според истите извори, раководството на Наполи за негов евентуален трансфер би барало обештетување од околу 16 милиони евра. Воедно се наведува дека клубот од Манчестер не е единствениот од англиската лига кој покажал интерес за Елмас.
Во последното коло Елмас повторно го привлече вниманието откако се запиша во листата на стрелците за Наполи, а добриот настап му донесе и место во идеалниот тим на колото.
🚨 Manchester United have been keeping an eye on Eljif Elmas in recent weeks.
— SimplyUtd (@SimplyUtd) March 10, 2026
The Napoli midfielder is being monitored as United assess midfield options.
[@TuttoMercatoWeb] pic.twitter.com/yFICb8G7Tn

Leave a Reply