Екипата на Работнички освои многу важни три бода во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен минимално ја совлада екипата на Арсими со 1-0 во последниот натпревар од вториот круг.
Херој на „романтичарите“ беше Манојлов, кој во 66. минута ја затресе мрежата на гостите и го реши победникот на средбата. Неговиот погодок се покажа како доволен Работнички да стигне до исклучително значајни бодови пред своите навивачи.
Со овој триумф, скопскиот тим ја одржува надежта за спас на прволигашкиот статус, особено ако се има предвид дека до крајот на шампионатот остануваат уште 11 кола.
Од друга страна, поразот дополнително ги комплицира работите за Арсими, кој полека се доближува до опасната зона на табелата. Последните три позиции носат испаѓање во понизок ранг, па тимот ќе мора значително да ја подобри формата во продолжението од сезоната.

Leave a Reply