Перо Антиќ брзо ѝ се врати на кошарката – има нова улога!

Поранешниот македонски кошаркар и поранешен репрезентативец Перо Антиќ повторно се враќа во кошаркарските води, но овојпат во нова улога како амбасадор на клубот Игокеа.

Информацијата ја потврди генералниот менаџер на клубот, Игор Додик, кој истакна дека искуството и личноста на Антиќ ќе имаат значајно влијание врз клубот и неговата спортска заедница.

„Неговата харизма, професионалност и спортски менталитет ќе бидат дополнителна мотивација за сите што се дел од нашиот систем“, порача Додик.

Така Антиќ повторно брзо се враќа на кошарката по периодот кога беше на чело на Кошаркарската федерација на Македонија од каде што се повлече пред нешто помалку од една година.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *