Македонија има светски првак на 100 метри

by

in

Џефри Гил, кој по потекло е од Делчево по неговата мајка, го освои златниот медал на 100 метри на Светското првенство во зимско пливање.

Првенството се одржува во Оулу, Финска, каде што се натпреваруваат најдобрите пливачи во ладна вода од целиот свет. Ова е негов трет настап на шампионатот, а по вчерашното сребро, денес успеа да стигне и до златото и да стане светски шампион.

„Многу сум горда и среќна мајка, срцето ми трепери“, изјавува неговата мајка по големиот успех.

Со овој резултат, Џефри Гил го запиша своето име на врвот на светската листа и уште еднаш покажа дека македонските корени носат шампионски дух.



Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *