Екипата на Шкендија Арачиново брзо реагираше по лошиот старт во сезоната и реши да стави крај на соработката со искусниот тренер Љупчо Марковски – Калц.
По два натпревари без победа и по поразот од Скопје со 2-1 на свој терен минатиот викенд, раководството одлучи дека е време за промена со цел подобрување на резултатите.
Марковски го презеде тимот на почетокот од сезоната, а во кариерата водеше и неколку други клубови, меѓу кои Скопје, Тетекс, Работнички и Вардар.
Во моментов Шкендија Арачиново се наоѓа на втората позиција на табелата, со бод помалку од Охрид и бод повеќе од Скопје, додека Брегалница, Новаци и Детонит не се далеку зад нив.

Leave a Reply