Роналдо потпиша за Росоман!

by

in

Тимот на ФК Росоман, кој се натпреварува во Третата лига – југ, во пресрет на продолжението од сезоната ги заси своите редови со неколку нови имиња. Сепак, едно од нив посебно го привлече вниманието поради името на фудбалерот.

Станува збор за Роналдо Фазлиов, фудбалер кој во Росоман пристигнува од ФК Дреново и од кого во клубот очекуваат значаен придонес во офанзивата.

„Со особена чест и задоволство му посакуваме добредојде на Роналдо Фазлиов, кој ни се приклучува од редовите на ФК ДРЕНОВО.! Му посакуваме многу успешни настапи и многу голови во дресот на нашиот клуб“, стои во објавата на третолигашот. Добредојде Роналдо“, стои во објавата на третолигашот на социјалните мрежи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *